Временска за последниот октомвриски ден - спремете се за невообичаени температури

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната од 12 до 25 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Следува период на умерено облачно и топло време со температури кои и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината.

 

 

 

31.10.2018 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега