Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе го поднесе законот за амнестија за настаните од 27 април

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во текот на денот ќе има координација со раководството на ВМРО-ДПМНЕ во однос на усогласување за стратегија за делување на наредниот период. Така да веднаш штом се усогласи таа стратегија, штом се договори ќе биде презентирана во медиумите, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на прашањето- дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се вклучи во процесот на поднесување на уставни измени и амандмани и дали очекувате фидбек од владејачкото мнозинство за идејата за Закон за амнестија, што се тој би опфатил?

-Во однос за амнестијата морам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ веќе во понеделник ќе поднесе Закон за амнестија за лицата од случувањата за 27-ми април, сите лица нормално опфатени по скратена постапка. Мислам дека веќе во понеделник ќе го имаат медиумите тој закон кој што е составен од страна нормално склопен од врвни правници кои што учествуваа во градењето и правењето на тој Закон за амнестија за лицата од 27-ми април, додаде Арсовски.

 

 

 

26.10.2018 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега