Тетово: Му ги објавил фотографиите и телефонскиот број со недолична содржина на Фејсбук поради откажана нарачка

 

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе  кривична пријава против 23-годишниот Х.И. од Скопје за сторено  кривично дело  “злоупотреба на лични податоци“.

-На 28.08.2018 година на социјалната мрежа  „Facebook“ во две групи за огласи пријавениот, поради претходно откажана нарачка од 33 годишно лице од Тетово, објавил фотографии, лични податоци и телефонски број, од истиот, во прилог на кои бил наведен текст со навреди и недолична содржина, информираат од МВР.

 

 

 

26.10.2018 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега