Кирацовски: Македонија е пример за негување и почитување на различните етникуми, култури и религии

„Чест ми е што денеска имам можност да се обратам на конференцијата „Кон интегративниот мултикултурализам“ во организација на Асоцијацијата за демократски иницијативи.

Република Македонија отсекогаш била позитивен пример како се негуваат и почитуваат различните етникуми, култури и религии.

Денес, после одреден период сите сме особено горди на градењето на едно општество на еднакви граѓани – концепт што обезбедува иднина за сите во нашата држава“, рече Александар Кирацовски, пратеник и генерален секретар на СДСМ, на конференцијата „Кон интегративниот мултикултурализам“.

„Она што е особено важно е што нашата држава е во еден интегративен процес и на културите и на религиити, етникумите се со цел да обезбедиме едно општество за сите коешто храбро чекори кон ЕУ и НАТО.

Лично, како пратеник во Собранието на Република Македонија, впрочем и како претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците останувам целосно посветен на подобрување на процесот на унапредување на мултикултурализмот во нашата Република Македонија.

Република Македонија како едно општество за сите, храбро чекори во ЕУ и НАТО, особено во ЕУ која што претставува симбол на различностите коишто заедно и интегративно чекорат напред“, изјави Кирацовски.

 

 

 

26.10.2018 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега