Двајца рудари затрупани во рудникот Тораница

Двајца рудари од Тораница биле повредени откако вчера пред 14 часот врз нив се одронила руда додека вршеле ископ.

На 25.10.2018 година околу 14.40 часот во Здравствен дом Крива Паланка за укажување на лекарска помош биле донесени лицата В.М.(41) од село Дурачка река и Н.С.(40) од Крива Паланка, рудари во рудникот Тораница. В.М. по укажана лекарска помош е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје за понатамошно лекување додека кај Н.С. биле констатирани телесни повреди и е задржан за понатамошно лекување во Здравствен дом Крива Паланка. Според пријавеното, лицата се здобиле со повреди при вршење на ископ во рудникот, каде се одронил материјал - руда. Извршен е увид на местото на настанот од страна на полициски службеници, трудов инспектор, државен рударски инспектор и претставници од рудникот.“ – иноформираат од МВР

 

 

 

26.10.2018 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега