ВИДЕО: Во силни поплави настрадаа 10 деца

Во непосредна близина на Мртвото море се случи страшна трагедија вом која загинаа најмалку 18 лица , од кои повеќето ученици , кои тргнале на екскурзија.

Најмалку 18 лица , од кои повеќето ученици загинаа , а 25 се повредени , кога автобусот бил зафатен од надојдени води по силните дождови во близина на Мртвото Море.

Несреќата се случила на 50 километри западно од јорданскиот главен град Аман. Во училишниот автобус имало 37 ученици и седуммина наставници. По неколку од нив и натаму се трага во надојдените води.

Според јорданската полиција , бројот на ѓртвите би можел да биде поголем . До несреќата дошло кога дел од патот бил однесен заедно со автобусот пред налетот на силните води , предизвикани од врнежите , кои денеска го зафатија пределот околу Мртвото Море.

И израелската војска им помага на спасувачките екипи од Јордан во извлекувањето на децата од матните води. Во потрагата се вклучени и израелски хеликоптери.

 

 

 

25.10.2018 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега