Купи го лесно Фиат 500 - моделите од семејството на Фиат 500 со 0% учество

Fiat Македонија започна кампања под мотото “Fiat Easy Buy”, која ви нуди единствени финансиски поволности за да набавите еден од новите модели на Fiat 500, 500L или 500X.  

За прв пат автомобилски кредит со 0% учество, до 5 години рок на отплата, 5.0% фиксна каматна стапка, 0% трошоци за обработка.

Купи го лесно Fiat 500! Избери градски автомобил, моноволуменец или SUV сега со одличната понуда од Аутомобиле СК и направи го најдобриот избор со еден од моделите од семејството на Фиат 500.

Fiat 500 легендарниот градски автомобил, за месечна рата од 189€. Подобар, похрабар и позаводлив со неверојатни комбинации на бои и опрема. Спој на модерно и легендарно! Вклучи ја твојата имагинација и впушти се во нови предизвици низ градските улици, движи се со стил, Fiat 500 ќе ви го овозможи тоа.

Fiat 500L - чувствувајте се како дома и кога патувате, со месечна рата почнувајќи од 226€. Функционален, способен и кул. Новиот моноволуменец 500L е создаден да ве воодушеви со неговата пространост и модуларност, удобен и елегантен повеќенаменски автомобил со кој што секогаш ќе се чувствувате како да сте дома кога патувате.

Искусете го градот како никогаш досега, со Fiat 500X SUV за месечна рата од 283€. Помалку граници, поголемо возбудување со италијанскиот SUV Fiat 500X. Препуштете им се на авантурите со возбудлив несекојдневен дизајн и перформанси кои навистина оставаат впечаток. Еден сосема поинаков и несекојдневен автомобил.

 

Повеќе информации за автомобилите и нивната богата опрема побарајте на официјалната страница на Fiat https://www.fiat.mk/ . Доколку сакате и одблиску да ги запознаете новите модели Fiat 500, 500L и 500X закажете веднаш тест возење во најблискиот салон на Фиат Македонија.

 

 

 

25.10.2018 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега