Џафери: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ да не биде дел од комисијата за помирување е негативен и антиграѓански

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека иницијаторите на идејата за формирање комисија за помирување се уште не побарале создавање на вакво тело. Ставот на ВМРО -ДПМНЕ дека нема да биде дел од комисијата, Џафери го коментираше како негативен и антиграѓански став и не ја исклучува можноста да се формира нова пратеничка група од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои беа исклучени од партијата откако гласаа за уставните измени.

„Комисијата нема основа и се уште не е формирана. Мислам дека секоја предрасуда за тоа каква расправа ќе води телото кое формално се уште не е формирано, е забрзано и некоректно е да се прејудуцира дали таа комисија ќе излезе со предлог-закон или со нешто друго. Сега во ова ситуација идејата на предлагачот на помирувањето не е да се излезе со предлог-закон, бидејќи помирувањето и амнестијата се сосема спротивни и различни изрази. Луѓето меѓусебе можат да простат, а можат да бидат амнестирани од институциите. Ако тие одлучат да формираат своја парламентарна група, го имаат тоа право. Нивно е да решат како ќе се организираат о кој ќе биде нивен координатор во идниот период. Од формален аспект тие имаат право и можност да го направат тоа“, кажа Џафери.

 

 

 

25.10.2018 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега