Пожар вечерва во Македонија - се шири црн чад и неподнослива миризба

Во Велес гори сува трева во близина на градската депонија за смет

Ветрот  и вечерва се уште носи црн чад и неподнослива мизирба кон градот од пожарот што попладнево  околу 15:30 часот избувна во непосредна близина на Градската комунална депонија за смет. Опожарени се сува трева и грмушки. 

Од Територијалната противпожарна единица информираат дека нивни екипи се на терен со две теренски џип возила и седум пожарникари.

Се прават напори пожарот што поскоро да се изгасне и да се спречи опожарување на околните лозја. 

 

 

 

25.10.2018 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега