Тетовец баран со меѓународна потерница уапсен на Ќафасан
Тетовец баран со меѓународа потерница од италијанските власти е уапсен на граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница.
Станува збор за жител на селото Доброште,тетовско, по кого Интерпол Рим пред единаесет години распишал потерница и го бара за кривични дела по две основи „принудување на проституција“ и „киднапирање“.
– Лицето Мусли Халити (44), македонски државјанин, е упасен при влез на преминот Ќафасан откако при контрола на неговите документи во системот, произлезе дека е лице барано со меѓународна потерница. Судот во Монца, Италија во јуни 2001 година му изрекол мерка притвор, за извршени кривични дел „принудување на проституција“ и „киднапирање“, а потоа Интерпол Рим распишал меѓународна потерница, стои во соопштението на регионалниот полициски комесаријат од Корча, под чија надлежност е преминот.
За неговото апсење известена е канцеларијата на Интерпол Тирана, која треба да превземе понатамошни активности за негова екстрадиција во Италија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа