Што треба да се готви, а што не: Секоја домаќинка во Македонија вака го готви спанаќот и така убива се што е вредно

Ви претставуваме неколку факти поради кои одредена храна е сепак подобро да се звраи.

-за да биде здравствено сигурна за јадење

-за да стане полесна за варење

-за да ја зголемиме биорасположивоста односно апсорбацијата на нутриенти

за да го подобриме вкусот

Постојат намирници кои е подобро да се јадат сирови отколку готвени. Но ов одредени ситуации некои хранливи материи се подобро расположиви за нашиот организам ако намирницата е зготвена.

Но, познато е дека при термичка обработка на храната во домаќинството се губи значителна количина на витамини. Губитокот зависи од начинот на обработка и видот на намирницата.

По правилот краткото варење го чува вкусот на намирницата. Најдобро е кога храната се вари кратко во мала количина вода и на умерена температура за најдобро да се зачува здравствената вредност и  вкус. Спанаќот треба свеж да се насецка и неколку минути да се динста на малку масло и вода и така да се јаде, а не како што сите го варат во вода, па ја фрлаат таа вода богата со хлорофил и потоа повторно го динстаат и на тој начин губи се што е вредно во оваа намирница.

Но, многу намирници треба адекватно да се обработат термички за да бидат сигурни за јадење. Тоа се онесува на намирници од животинско потекло како месо, риба и јајца, меѓутоа и некои растителни намирници кои не се препорачуваат сирови, како компирот.

 

 

 

16.10.2018 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега