Димитров: Ние ништо не губиме ако Илинденското востание е важен настан и за Бугарија

На денешната прес-конференција, министерот за надворешни работи, Никола Димиттров на прашање на новинар „Чиј е Илинденското востание“, порача дека нема ништо лошо во тоа овој настан да биде важен и за другите земји. 

-Одите во претпоставувам на другиот договор со прашањето. Имате алузија. Значи во нашиот регион Балканот имаме многу богата историја и многу испреплетена историја. Целта на комисиите што ги формиравме и со Бугарија и со Грција. Со Бугарија комисијата имаше првичен состанок, со Грција се уште не ама комисијата е формирана, е како историските наративи на нашите на Македонија и на нашите соседи е да не бидат еден против друг туку да бидат покомплементарни.

За нас Илинденското востание е еден од столбовите на кои што почива македонската држава, 2 Август 1903 година. Бугарија има друг поглед и затоа, задачата на историчарите не на политичарите е како да најдат заеднички јазик и како тоа да не биде непомирливо. Ние ништо не губиме ако тој голем настан е важен и за друга држава и за друга историска традиција, истакна видно збунетиот Димитров.

 

 

 

24.09.2018 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега