ВИДЕО: Ученички повторно крвнички се тепаат - соучениците навиваат

Продолжува трендот на тепачки меѓу тинејџерите во Македонија. Канал 5 објави ново видео кое ја згрози јавноста, а покажува две девојчиња кои среде пат се тепат, а нивните соученици и другари воопшто не ја спречуваат тепачката, не му помагаат на едното од девојчињата, кое е немоќно и нападнато, туку напротив, тие навиваат.

 

Јавноста се уште се сеќава на бруталната тепачка во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино. Случајот со двете девојчиња кои немилосрдно ја претепаа својата соученичка во училишниот двор, пред очите на поголема група на деца кои навиваа и снимаа со мобилни телефони, стигна и до Центарот за социјални работи и Државниот просветен инспекторат, а на ученичките им беа изречени педагошки мерки.

 

 

 

24.09.2018 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега