Леден бран доаѓа во Европа - драстична промена и во Македонија

На убавото септемвриско време му доаѓа крај, а веќе од почетокот на неделата Европа ќе ја зафати бран од ладен воздух од Арктикот, кога температурите драстично ќе опаднат.

Според метео порталите, од север над Европа ќе дојде до силен продор на воздушна маса од Арктикот, која ќе се прошири над поголемиот дел од континентот, а брзо ќе стигне и до Балканот.

Големо заладување ги чека и граѓаните на Македонија. Значителна промена на времето со заладување и силен ветер од денеска најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во првата половина од денот ќе се задржи топло време со умерен југозападен и западен ветер. Попладне, а особено кој крајот на денот, поради продор на студена воздушна маса од север ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд на северот и западот од земјава.

Уште попладнето, почнувајќи од север, ќе започне да дува силен северозападен ветер со брзина од околу 90 километри на час, а тоа ќе услови нагло заладување во текот на ноќта и во наредните денови, соопшти УХМР.

Оттаму најавуваат дека од вторник времето ќе биде претежно сончево, но ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено. Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени. Од среда наутро, пак, осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која на места ќе се спушти и околу нулата.

 

 

 

24.09.2018 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега