Одбраната тврди: И Нухиу можел да издаде наредба на 27 април

Агим Нухиу, сегашен заменик министер во МВР, а за време на крвавиот четврток на функција министер во техничката влада, на 27 април можел да издава наредби бидејќи како прв човек на полицијата имал ингеренции.

Ова одбраната на обвинетите од МВР во случајот со упадот во Собранието, се обидува да го докаже преку испрашување токму на Нухиу, пренесе Плусинфо.

Нухиу во досегашното сведочење тврдеше дека само Митко Чавков како директор на БЈБ и раководител на штабот формиран за оваа намена, имал златна команда која може да ја има само еден човек.

 

 

 

21.09.2018 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега