Брутално претепаниот скопјанец раскажа за агонијата: Ме намести пријател

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра, кои потоа ги вратил, но одбил да плати и камата. 

- „Јас од лицето имам земено на заем 200 евра, кои ги вратив. Кога ги зедов парите, тој не ми кажа дека треба да вратам камата за нив, тој ми е познајник. Подоцна ми бараше камата за сумата што ја зедов, но не им дадов и одбив. Пред некој ден имавме кратка расправија. Не ми се закануваа, ниту ме предупредија“, изјави момчето за „Макфакс“.

Вели бил наместен од пријател, кој го повикал, наводно, да разговараат, но на договорената локација го пречекале напаѓачите.

„Поминував низ Аеродром со девојката. Мој пријател ми се јави да разговараме. Практично, ме најдоа со негова помош. Јас имав проблем со паркирањето. Се враќав со автомобилот наназад, а во тој момент тие помислиле дека ќе избегам. Излегоа од назад од бело комбе паркирано во близина. Кога излегов, видов 4-5 лица и почувствував остар удар со пиштол во главата. Ме удри трипати по што паднав, а тие почнаа да ме клоцаат. Некое од лицата ме бодело со шрафцигер во ногата“, додава претепаното момче за „Макфакс“.

Ја удриле и неговата девојка.

 

 

 

21.09.2018 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега