Тухел: Не заслуживме да загубиме

Тренерот ан Пари Сен Жермен, Томас Тухел вели дека неговиот тим не заслужил да загуби на гостувањето кај Ливерпул во Лигата на шампионите.

- Резултатот не ја покажува правата слика од натпреварот. Не заслуживме да загубиме. Пред да го примиме третиот гол, имавме шанса и доколку тогаш Дракслер погодеше, тогаш ние ќе победевме. Сепак не треба да се очајува. Станува збор за Ливерпул кој е предводен од Јирген Клоп.

Ливерпул синоќа го победи ПСЖ со 3:2 со гол постигнат во судиското надополнување. 

 

 

 

19.09.2018-09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега