Нова петиција за меѓусебно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Словенија

Покрената е иницијатива  за меѓусебно признавање на возачките дозволи меѓу Словенија и Македонија без дополнителни тестови и поголеми трошоци, за лицата над 18 години коивеќе имаат возачки дозволи во двете земји.

Оваа Иницијатива ќе биде од голема корист за нашите иселеници во Република Словенија кои веќе неколку години се принудени да полагаат тестови пред комисија за градско возење, а со тоа имаат и дополнителни трошоци кои не се воопшто мали. Се надеваме да ни излезете во пресрет и нам, и да го олесниме патот на нашите иселеници во Република Словенија за полесно признавање или заменување на возачките дозволи.

 

 

 

19.09.2018 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега