Град Скопје ќе ја разгледа иницијативата за сообраќајно решение за бул. „Србија“

Стручните служби на Град Скопје ќе ја разгледаат иницијативата поднесена од Општина Аеродром за ново сообраќајно решение на булеварот „Србија“ и во соработка со Министерството за внатрешни работи, во рамките на законските можности, ќе биде понудено најдобро и најбезбедно решение за овој долгогодишен проблем.

Ова го соопшти Град Скопје по реакцијата на жителите на Аеродром каде што синоќа на пешачки премин на булеварот „Србија’ тешко беа повредени тројца пешаци - баба, дедо и нивната внука, а  жената подоцна им подлегна на повредите.

Град Скопје наведува дека интензивно работи на зголемување на безбедноста во сообраќајот во градот, со цел да се избегнат и намалат вакви и слични инциденти.

- Градот Скопје изразува длабоко жалење за сообраќајната несреќа со смртни последици што вчеравечер се случи на булеварот „Србија“ и воедно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и поставената сообраќајна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, наведува Град Скопје.

 

 

 

18-09-2018-16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега