Стоилковски: Заев мора да каже што ќе се менува во Уставот, бидејќи граѓаните треба по тоа да се определат за што ќе гласаат

 

Зоран Заев преговараше и договори. Точно знае што ќе прифати од грчките условувања, кои се сега вовед во измени на Уставот за кои што бара поддршка од народот. Зоран Заев сега очекува македонскиот народ да се самоукине, да го смени идентитетот, името и Уставот, само заради тоа што тој вели дека постигнал добар договор. Народот чека Заев да каже што е тоа што е непријатно, повторувам, непријатно во е договореното за да го сподели со јавноста, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ, Заев, Шекеринска, Димитров, мора да кажат што прифатиле да менуваат во Преамбулата на Уставот, каква ќе биде „Непријатната измена“ и како ќе гласи Преамбулата според грчките условувања? Дали покрај Република Македонија, во преамбулата ќе биде избришан делот цитирам – „македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници“? Дали ќе биде избришан или сменет делот кој се повикува на традицијата од Крушевската Република и одлуките на АСНОМ? Дали ќе биде избришан делот кој се повикува на Согласност со Референдумот од 8 септември 1991 година кога граѓаните одлучија да конституираат самостојна, суверена држава Република Македонија, а не „Република Северна Македонија“? Што е тоа непријатно во наведениот за промена член 3 од Уставот?, запраша Стоилковски и додаде:

„Дали непријатните промени се дека територијата на Република Македонија ќе биде делива и отуѓива? Дали ќе предвидува повредливост и менување на постојната граница, како што стои „по принципот на доброволност“? Или ќе се менува делот кој вели дека Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави. Што пак од наведеното во членот 49 се откажува Заев и се откажува СДСМ, а ќе биде непријатно за Македонците? Дали Републиката нема да се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, нема да го потпомага нивниот културен развој и да ги унапредува врските со нив, а притоа, како што стои во Уставот, нема да се меша во суверените права на другите држави и во нивните внатрешни работи? Дали со непријатните промени во членот 49, Заев, Шекеринска, Пендаровски, Димитров, и другите Северномакедонци ќе се откажат од Македонците и нивните семејства во Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Косово?“.

СДСМ, потенцираше тој, води кампања со лажни пароли, со лажни пораки при оваа негова лажна кампања, пораки кои воопшто не се однесуваат на Договорот што го прифати и по кој распиша референдум Зоран Заев, а притоа да се крие што навистина ќе се менува во Уставот на Република Македонија.

 

 

 

 

18-09-2018-14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега