Мирческа: СДСМ ги злоупотребува децата на своите рекламни материјали

 

Владата предводена од Заев води агресивна кампања за промена на името, безмислосно трошејќи народни пари за свои политички цели. Жртви на оваа кампања се и најмалите. Власта ги злоупотребува децата и на своите рекламни материјали, а со нив ја покрива и слабата посета на средбите со граѓани и трибините, истакна Јована Мирческа на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Јавноста е сведок на последниот немил настан во Скопје кога на говорот на Заев едно од децата се онесвести, а тој без око да му трепне само го погледна и продолжи да говори. Ете тоа е резултатот од искористувањето на децата во политички цели, кои зад себе кријат тесно партиски интереси на криминалниот картел на власт. Очекувавме во овие два дена наназад Заев барем да информира каква е здравствената состојба на детето, да се одважи и да се извини, но очигледно толку е зафатен со своите манипулации на граѓаните што нема време за тоа, потенцираше Мирческа и додаде:

Срамно и безобразно е однесувањето на власта кои користејќи се со децата во кампањата сакаат да играат со емоциите на народот и на тој начин да го покријат капитулантскиот договор со кој не само што не нудат извесна иднина на младите, туку им ускратуваат било каде да кажат гордо дека доаѓаат и живеат во Република Македонија.

 

 

 

18-09-2018-14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега