Епидемија на легионарска болест во Италија

Властите во северна Италија потврдија дека комерцијалните кули за ладење вода се извор на легионерската болест, поради која 400 лица завршија во болница со воспаление на белите дробови, а две лица починаа.

Десет тестови  примероци биле земени од три од овие големи постројки во трите најзагрозени градови, а девет беа позитивни на бактеријата легионела.

 

Шефот на ломбардиската социјална служба, Џулио Галера, најави програма за прочистување, објави АП.

Од појавата на болеста на почетокот на месецот беа хоспитализирани вкупно 405 лица со воспаление на белите дробови, а 42 беа позитивни на легионерската болест.

 

 

 

18-09-2018-14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега