Жерновски: Некои сили не сакаат успешен референдум

Постојат сили кои не посакуваат успешен референдум на 30- ти септември, смета заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, без да прецизира за кого станува збор, пренесува Алсат-М. Жерновски порача дека земјава нема алтернатива Б, туку планот е членство во НАТО и ЕУ.

„Не се сите среќни со ова сценарио што се одвива во Македонија и регионот. Но, ќе кажам дека ние сакаме со сите да ги одржиме позитивните односи. Ние имаме историски односи со Русија, но ние немаме план Б и немаме алтернатива, нашиот пат е ЕУ и НАТО. Има сили и кругови кои сакаат да видат друго сценарио, меѓутоа нас тоа ни дава уште поголем сигнал за да продолжиме по овој пат“, рече Андреј Жерновски-Заменик министер за надворешни работи.

 

 

 

18.09.2018 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега