Нема доволно гробни места во Мексико, голем број на мртви трупови се наоѓаат во приколки

Смрдеата што се шири од приколка ладилник во која се наоѓаат стотици човечки тела ги налути жителите на градот Гвадалахара, главниот град на државата Халиско во Мексико, објави Би-би-си.

Властите во понеделникот објавија дека самите жители се обиделе да го пренесат контејнерот што се користел за складирање на мртвите поради недостиг на простор во градските мртовечници.

 

Локалните власти не можат да најдат долгорочно решение за оние починати чија смрт на каков било начин е поврзана со некоја форма на насилство, бидејќи мексиканските закони не дозволуваат кремирање во тој случај.

Во последниве години Мексико се здоби со светска репутација поради исклучително високите нивоа на насилство поврзани со криминалот. Повеќе од 200 000 луѓе се убиени или исчезнати од декември 2006 година, кога мексиканската влада прогласи војна против организираниот криминал.

 

 

 

18-09-2018-13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега