РК Металург има нов претседател

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург од денеска има нов претседател. Станува збор за досегашниот Генерален секретар Зорица Молкоска Блажевска, која на функцијата доаѓа на местото на Зоран Цветановски.

- Долгогодишната работа во ракометните кругови, нејзиниот ангажман и отвореноста во комуникацијата со јавноста и со медиумите, беа доволна препорака за  изборот на Блажевска на оваа функција и таа веројатно е првата жена-претседател во клубовите што настапуваат во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите, соопштено е на клупскиот сајт на тимот од Автокоманда.

Блажевска во моментот е в.д. претседател, чие официјално назначување ќе се  случи на следното собрание на Металург. 

 

 

 

18-09-2018-13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега