Хајко Мас: Ние како ЕУ имаме интерес од тоа Македонија да има веродостојна европска перспектива

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас пред денешната посета на Скопје потенцира дека на Македонија би требало да ѝсе даде вердоостојна европска перспектива. Во изјава за Дојче Веле, германскиот министер денеска оцени:

„Се надеваме на европска перспектива за ПЈР Македонија. Тие тоа го заслужија и тоа веродостојна перспектива. Затоа наредната година би требало да започнат преговорите за членство. Нѐ радува што е постигнат договор во спорот за името. Сега би требало да се постигне неопходното мнозинство на претстојниот референдум и околу тоа сакаме да му помогнеме на Скопје колку што е можно повеќе.“

На прашањето дали е загрижен поради тоа што има и други земји кои се интересираат за Македонија и регионот, како Кина, САД или Русија, Мас одговара:

„Прво, верувам дека Македонците сакаат европска перспектива. Ако се погледне културниот развој на земјата, мислам дека погледот е јасно насочен кон Европа. И, ние Европејците, имаме интерес од тоа да понудиме веродостојна перспектива, затоа што во спротивно другите, Русите или Кинезите, таму ќе го зголемуваат влијанието, и тоа врз основа на други вредности од оние во ЕУ. Значи и ние како ЕУ имаме интерес од тоа Македонија да има веродостојна европска перспектива.“

 

 

 

18.09.2018 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега