Средба на министерот Димитров со новиот амбасадор на Австралија во Република Македонија, Рут Карис Стуарт

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Австралија во Република Македонија, со седиште во  Белград , Н.Е. г-ѓа Рут Карис Стуарт.

Министерот Димитров ѝ посака успешна дипломатска мисија на амбасадорот Стуарт и изрази очекување дека за време на нејзиниот мандат,  пријателските односи меѓу двете земји ќе добијат нова, уште поинтензивна динаника.

Беше констатирано дека билатералните односи изминатите години се развиваат во нагорна линија и беа разгледани претстојните активности во поглед на засилување на политичкиот дијалог и можностите за унапредување на економската соработка.

Амбасадорот Стуарт искажа увереност и спремност за натамошно унапредување на блиските релации меѓу Република Македонија и Австралија преку континуирано зајакнување на соработката во сите сфери од заеднички интерес.

 

 

 

18.09.2018 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега