Али Ахмети од Дебреше: Преспанскиот Договор овозможува членство во НАТО и ЕУ

Демократската Унија Интеграција средбите со граѓаните во текот на вчерашниот ден ги заокружи во село Дебреше, Општина Гостивар, каде на жителите на ова село им е повторено дека 30 септември е историски неповторлив датум.  
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, пред граѓаните на Дебреше рече дека постигнувањето на еден пакт помеѓу Македонија и Грција беше повеќе од неопходно, бидејќи без тој договор, за нас, немаше да има НАТО и ЕУ.  
„На 30 септември се гласа за тоа дали ќе имаме правна држава, на 30 септември се гласа за тоа дали ќе бидеме исправени пред бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, на 30 септември клучевите ни се во рака и вратата ќе се отвори навечер во 19.00 часот, како за НАТО, така и за ЕУ. Тој што е за НАТО и ЕУ, на 30 септември има прилика да се изјасни за тоа  дали ќе дозволи овој референдум да пропадне, јас не мислам така затоа што ние сме многу организирани и мобилизирани заедно со другите политички партии со кои сме во коалиција, посебно СДСМ. На 30 септември навистина се гласа за иднината“, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Демократската Унија за Интеграција и за време на денешниот ден ќе продолжи да ги информира граѓаните во рамките на кампањата за референдумот од 30 септември во Гази Баба и Арачиново.

 

 

 

18.09.2018 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега