Екс претседателката на Аргентина и нејзините соработници се обвинети поради корупција

Аргентинскиот федерален судија ја обвини поранешната претседателка на таа земја, Кристина Фернандес Киршнер, за корупција и побара нејзино апсење.

Судот потврди дека таа била на чело на илегално здружување, кое земало мито во замена за постигнување договори за изведување  јавни градежни работи. Аргентинските правосудски власти одлуката на судијата Клаудија Бонади ја објавија денеска, пренесе АП.

 

Киршнер моментално е сенатор, а таа позиција ѝ овозможува имунитет од кривично гонење, наведува американската агенција.

Во овој случај се уапсени над 12 луѓе , а меѓу нив се  и водечки бизнисмени и поранешни претставници, кои биле на функција во администрацијата на Киршнер од 2007 до 2015 година.

 

 

 

18-09-2018-12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега