Гаши: „ДА“ на референдумот подразбира сигурност, благосостојба, стабилност и нови инвестиции

Претседателот на Движењето БЕСА, Африм Гаши, продолжува со интензивните средби на терен со граѓани и активисти за масовно излегување за поддршка на референдумот на 30 септември.

После големиот марш и митингот во Куманово, после интензивните средби во Врапчиште, централниот собир во Гостивар, и после успешните маршеви во Охрид, Струга и собирот во Лабуништа, Движењето БЕСА вчера маршираше по липковските села.

Вчерашниот марш започна во село Матејче, поминувајќи низ селата на Општина Липково и заврши во село Опае, каде се одржа собир со граѓаните, активистите и симпатизерите на Движењето БЕСА.

На оваа средба присутните ги поздравија генералниот секретар на Движењето БЕСА, Скеднер Реџепи – Зејд, министерот за култура, Асаф Адеми, и претседателот Африм Гаши кои беа едногласни дека земјата се наоѓа во еден историскиот момент кога од сите граѓани се очекува одлучност и поддршка за евроатлантската перспектива на земјата. 

Гаши напомена дека земјата во моментот се наоѓа пред многу важен историски крстопат и појасни дека „ДА“ на референдумот значи имплементација на Преспанскиот договор, „ДА“ подразбира сигурност, благосостојба, стабилност и нови инвестиции.

На крај претседателот Африм Гаши порача: Не заборавајте, Албанците историски се ориентирани кон НАТО и ЕУ и јас цврсто верувам дека на 30 септември сите заедно, пријатели, семејства, и поддржувачи на оваа кауза масовно ќе излеземе да и кажеме ДА на НАТО и ЕУ.

 

 

 

18.09.2018 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега