Славниот актер на Еми наградите ја запроси својата девојка

Режисерот Глен Вајс потполно го засени шоуто на доделувањето на наградите Еми синоќа во Лос Анџелес кога ја запроси неговата девојка среде говорот за заблагодарување за доделената награда за режија на Вариете спешл.

Во неговиот емотивен говор, 57-годишниот режисер рече дека оваа радост има малку горчина бидејќи мајка му починала пред две недели.

Потоа додаде дека мајка му многу ја сакала неговата девојка Јан Свендсен која беше во публиката.

„Јан, ти си сонцето на мојот живот и мајка ми беше во право – не дозволувај да останеш без сонцето“, рече режисерот.

„Се прашуваш зошто не сакам да те нарекувам моја девојка? Бидејќи сакам да те викам моја сопруга.“

Свендсен со огромна радост и видно изненадена, ја прифати понудата за брак, а ѕвездите во публиката не го криеја одушевувањето и радоста за среќната љубовна приказна што наликува на холивудска бајка.

 

 

 

18-09-2018-11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега