Автомобил удри во велосипедист во Скопје

 

Во Секторот за внатрешни Скопје било вчера во 11:45 часот пријавено дека на улица „Алија Авдовиќ“ патничко моторно возило „Опел Антара“ со скопски регистерски ознаки управувано од 65-годишниот Б.Р. од Скопје удрило во велосипед управуван од 70-годишниот А.М. од село Сингелиќ, скопско.

Велосипедистот бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“  каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

18.09.2018 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега