МВР со детали за сообраќајката синоќа во Ново Лисиче

 

Вчера во 20:05 часот во Секторот за внатрешни Скопје било пријавено дека на булевар „Србија“ товарно моторно возило „Пежо Партнер“ со велешки регистерски ознаки управувано од 40-годишниот П.Т. од Велес удрилo во 61-годишната В.Т. и тригодишно девојче од Скопје.

Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Во 22,45 часот В.Т. им подлегнала на повредите. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

18.09.2018 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега