Стојановска: Заев го прекрши законот бидејќи прашањето го изгласа, а без законот да се објави во службен весник

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Јовановска-Стојановска во гостувањето во емисијата „Референдум“ на МТВ телевизија рече дека прашањето за референдумот е трозначно. Притоа таа спомена дека Уставниот суд по ова прашање веќе се произнел и донел одлука на 18-ти февруари дека Македонија нема потреба да се изјаснува со оглед дека одлука за членство во НАТО е веќе донесена.

– „Во врска со останатите 2 прашања дали сте за членство во ЕУ прифаќајќи го договорот со Република Грција. Позициите на ВМРО-ДПМНЕ и пред да се потпише тој договор се веќе јасни дека ние сме против промена на Уставот со цел промена на уставното име. Токму поради тоа и нашиот став минатата недела беше сосопштен дека ова прашање останува да го решат граѓаните. Ова прашање е спротивно и на законот за референдум според член 15 кој гласи дека референдумското прашање мора да биде јасно и прецизно“, кажа Стојановска.

Во врска со исполнување на цензусот таа додаде дека и СДСМ не се сигурни дека можат да го исполнат, притоа потенцирајќи дека за ова прашање требало да се има обврзувачки референдум. Според неа не случајно Зоран Заев го има изгласано ова прашање во парламентот без притоа да биде објавена одлука во службен весник за усвојување на ратификацијата на договорот. Таа вели дека ова е кршење на Уставот и деловникот на Собранието на Република Македонија.

 

 

 

18-09-2018-11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега