Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан на денешната прес-конференција со премиерот Зоран Заев кажа дека на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му кажал дека референдумот не е партиски настан, ниту е момент за да се играат политички игри.

„Ова им го кажав на сите. Важно е да се мотивираат сите да учествуваат сите во референдумот и да го остварат своето демократско право. Постојат лични чувства, но најважното нешто е да се учествува. Преку тоа, да се покаже колку е важна одлуката. Сакам колку што е можно повеќе граѓани да учествуваат на референдумот, бидејќи тоа е порака до ЕУ“, рече Хан.

 

 

 

18.09.2018 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега