Хан: Сѐ уште морам да ја користам кратенката БЈРМ

„Ви благодарам за топлото добредојде, за гостопримството кое ве карактеризира како земја. Изминатите неколку недели Скопје стана најпопуларната дестинација за политичарите од целиот свет. Ова е доказ дека многу се цени Договорот што го постигнавте со Грција. Во светот има многу конфликти, а ова е редок пример на решавање на таквов конфлект. Затоа целиот свет го поздравува овој чин , бидејќи тој станува пример дека може да се решат и други замрзнати конфликти во светот на овој начин. Референдумот е можност што се јавува еднаш во животот. Одлуката што ќе ја донесете на 30 септември ќе има далекусежно влијание дури и за оние кои сѐ уште не се родени“-рече Јоханес Хан на заедничката прес конференција со премиерот Заев во Влада на РМ.

Тој истакна дека одлуката на референдумот е од голема важност и за идните генерации.

 

„За жал сѐ уште морам да ја користам кратенката БЈРМ; Поранешна Југословенска Република Македонија, иако воопшто не ми се допаѓа. Вие , граѓаните ќе одлучите дали во иднина ќе ви се обраќам со Република Северна Македонија“-рече еврокомесарот Јоханес Хан.

 

 

 

18.09.2018 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега