Дали се крстите кога ќе поминете покрај црква - дали тоа е помодарство или искрена вера

И додека едни сметаат дека станува збор за механички потег, кој нема никаква врска со верата и поврзувањето со Бог, други овој чин го сметаат за почит пкон светецот и верата.

Прашањето е дали е тоа помодарство, некаков феномен прифатен од повеќето или христијански чин?

-Сметам дека таквиот чин е христијански. Оној кој чувствува потреба на тој начин, макар и само намомент да му се доближи на Бога, не прави ништо лошо. Крстот има две „линии“. Хоризонталната и вертикалната линија претставуваат љубов и блискот кон Бога“, објаснил свештеникот Саша Ѓурѓевиќ.

Од друга страна социологот Ратко Божовиќ смета дека овој чин е еден вид невербална комуникација, навика и механичка реакција.

„Мислам дека тоа е форма на навика или механичка реакција. Младите тоа порано не го правеа, а сега масовно ги гледаме како се крстат на јавно место. Тоа сигурно го виделе од постарите. Но, сметам дека кај поединци тоа тргнува од внатрешни чувства. Многумина љубовта кон Бог ја изразуваат на тој начин. Тоа е некакаков вид емпатија, чувства, емоции...“, објаснува социологот.

 

 

 

18.09.2018 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега