Градоначалникот на Демир Хисар се скри од новинарите

Градоначалникот на Општина Демир Хисар Марјанче Стојановски, по објавената снимка од вчера на која им се заканува на вработени во училиште дека им ги слуша телефоните, денес беше зафатен за да ги прими новинарите. Молк има и од училиштето и од општината, пренесе САКАМДАКАЖАМ.МК.

Во соопштението на МВР од вчера стои дека по насока на Јавното обвинителство од Битола, градоначалникит бил повикан во Полициската станица во Демир Хисар на информативен разговор поради објавениот видеоматеријал. Во разговорот тој кажал дека снимката е од основното училиште ,,Гоце Делчев” во Демир Хисар од јануари годинава, за време на протест одржан поради промена на две учителки.

 

 

 

 

10.09.2018 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега