Пар од Скопје преживеал хорор во млечен ресторан

 

На 09.09.2018 година во 09.30 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ј.(21) од Скопје пријавил дека истиот ден во 03.00 часот во млечен ресторан на булевар „Јане Сандански“ тој и неговата девојка В.А.(21) од Скопје физички биле нападнати од две непознати лица.

 По нападот, лицата заминале во непознат правец, а В.А. телефонски ги известила родителите на М.Ј. за настанот. Пред влезот од зградата, каде што ги пречекале неговите родители, едно од лицата физички го нападнало С.Ј.(49), татко на М.Ј. , по што побегнало во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

10.09.2018-14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега