Фејсбук им помогна на еден пар да си го спасат животот

 

 

 

Американски туристи на Бали успеале да ги спасат своите животи благодарение  на социјалните мрежи.

 

Мајкл Литкот и Стејси Ено доживеале сообраќајна несреќа со мотоцикл, откако при голема брзина завршиле во провалија.

„Не престигна едно комбе и ја забележав кривината. Сопирачките престанаа да работат, што ни остави многу малку време за реакција“, објаснува Литкот.

Двојката, која пристигна на Бали само седум часа претходно, завршила во провалија.

„Ми се чинеше дека половина од ‘рбетот ми е скршен. Не можев да се движам, но ништо не можев ниту да видам. При обидот да направам движење, чувствував дека се лизгам уште подлабоко во ендекот“, раскажал туристот.

Во несреќата, неговиот мобилен телефон со индонезиска сим картичка му излетал од џебот. За среќа, тој и натаму го имал својот американски телефон. Штом се сетил на тоа, отворил Фејсбук и во очај побарал помош.

Помош. Ние сме во опасност. Повикајте полиција“, напишал Литкот на социјалната мрежа. Пријател од Лос Анџелес брзо успеал да го лоцира, откако тој му испратил податоци на „Ватсап“. Друг пријател во Прага ги пребарал броевите на локалните конзулати, а трет од Холандија ја повикал локалната полиција.

 

 

 

 

 

10.09.2018-12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега