Добил силен удар во ребрата - почина 16 годишен кик-боксер веднаш по мечот

 

16 годишно момче од Хрватска во саботата починало среде кик-бокс меч на турнир кој се организирал во Босна и Херцеговина, јавуваат локалните медиуми.
Според информациите, момчето боксувало во рингот кога добило еден удар во пределот под ребрата кој го бутнал на земја. Но тој станал и ја продолжил борбата. По нејзиното завршување, во ходникот кон соблекувалните паднал и починал на лице место.
Лекарите кои веднаш биле на местото на настанот брзо почнале со реанимација. И по повеќе од еден час обиди не успеале да го вратат во живот 16 годишниот спортис.
Обдукцијата на телото која е спроведена утрово покажала дека момчето не починало од удар, туку од срцев удар.
„Резултатите јасно говорат дека не станува збор за насилна смрт и дека смртта не настапила како последица на ударите добиени во борба“ – стои во обдукцискиот извештај.

 

 

 

 

 

10.09.2018 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега