Зидан се враќа на светската фубалска сцена

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека наскоро се враќа на голема врата во светот на фудбалот.

46-годишниот Французин го напушти тренерското место на „кралскиот клуб“ на 31 мај 2018 година.

- Се разбира, наскоро ќе тренирам тим повторно. Тоа е она што сакам да го работам и она што го правам цел живот, изјави Зидан.

Францускиот стручњак го предводеше Реал од 2016 до 2018 година. Под негово водство, мадридскиот клуб го освои шампионатот на Шпанија и три пати ја освои Лигата на шампионите.

 

 

 

10.09.2018-10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега