МВР се огласија за скандалот: Градоначалникот на Демир Хисар пуштен дома

 

Министерството за внатрешни работи доцна вечерва соопшти дека градоначалникот на Демир Хисар Марјанче Стојановски бил повикан на информативен разговор поради видео-снимката која се појави на интернет.

-Градоначалникот Стојановски во разговорот изјави дека снимката која се појавила на интернет е од протест во О.У. Гоце Делчев во Демир Хисар кој се случил во средината на месец јануари 2018  година. Протестот се одржал заради промена на две учителки во други подрачни училишта, се наведува во соопштението.

По насока на обвинителство Стојановски бил пуштен во 20:30 часот, а во врска со овој случај, од МВР информираат дека ќе се повикуваат повеќе лица на службен разговор со цел негово целосно расчистување.

 

 

 

10.09.2018 - 08:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега