Одиме до осум степени: Следува ново изненадување со времето

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер, кој повторно ќе се засилува долж Повардарието.

Минималните температури ќе се движат од 8 до 19 степени, а максималните од 25 до 31 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 29 степени.

Во наредните денови следува период на претежно стабилно, суво и релативно топло време, но локално не е исклучена изолирана појава на краткотраен дожд. Температурата на воздухот ќе има тенденција на благ пораст. 

 

 

 

10.09.2018 - 07:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега