Ахмети со честитка: Да ја запечатиме безбедната иднина на Македонија

Лидерот на Демокрартската унија на Албанците (ДУИ) Али Ахмети, од име на партијата, упати честитка по повод Денот на независноста на Република Македонија.

- Денешниот ден на независност го одбележуваме на само чекор до реализирање на вековните стремежи за слобода, мир, еднаквост и евроатлантска интеграција. Нашето денешно општество е сплотено со една цел, еднаква и евроатлантска Македонија. Нашата заедничка иднина е предодредена да припаѓа кон Запад, истакнува Ахмети во честитката.

Тој во честитката вели дека Македонија е пред голема, историска одлука, одлука за целосно и полноправно интегрирана во НАТО и ЕУ, и додава дека друга алтернатива, опција или друг пат не постои. 

-Веќе две децении нашите граѓани во огромно мнозинство се определени за членство во НАТО и Европската Унија и конечно, денот за исполнување на вековниот сон на нашите граѓани дојде и ние заедно не смееме да ја пропуштиме можноста да ја запечатиме безбедната иднина на генерациите по нас, порачува Ахмети.

 

 

 

08.09.2018 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега