Македонската полиција е на нозе: Три лица исчезнаа во ист ден

Синоќа во 19.30 часот во Полициска станица Гази Баба од страна на вработена во ЈЗУ „Ранка Милановиќ“ е пријавено дека на 6.овој месец во 11.00 часот од домот во непознат правец се оддалечил 12 годишен штитеник на домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на детето.

Вчера исто така, но во 11.20 часот во Полициска станица Кисела Вода С.С. од Скопје пријавила дека на 02.09.2018 година во 18.00 часот од својот дом во непознат правец се одалечил нејзиниот син Х.С.(22). Се преземаат мерки за пронаоѓање на момчето

Последниот настан е пријавен во  19.00 часот во Полициска станица Штип, каде П.Д.(38) од Штип, пријавил дека на 6. овој месец околу 14.00 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот дедо Ѓ.Д.(83). Се преземаат мерки за пронаоѓање и на ова лице.

 

 

 

08.09.2018 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега