Четири лица добија кривични поради пустошење на шума во Крушево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Прилеп, до Основнотo јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против Т.З.(54) од Крушево, Ј.М.(50) од крушевското село Врбоец и Д.Д.(53) од Крушево осомничени за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „пустошење на шума“ во врска со кривично дело „помагање“ и против Б.С.(56) од Крушево и правното лице „МЕР– БИЛ“ ДООЕЛ Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“.

МВР денеска соопшти дека Т.З., Ј.М. и Д.Д., сите вработени во Шумско стопанска единица „Бирино Селце“, со пречекорување на службените овластувања и со неизвршување на службената должност, во периодот од 06.06 до 21.06.2018 година овозможиле непланска – бесправна сеча на 648,9 метри кубни (927 метри просторни) дрвна маса во оддел 18а во Шумско стопанска единица „Бирино Селце“. Сечата била извршена од четвртопријавениот Б.С. во својство на овластено лице во петтопријавеното правно лице ,,МЕР-БИЛ“ ДООЕЛ Крушево. На тој начин на Јавното претпријатие „Македонски Шуми“ му била нанесена штета од 4.542.300 денари.  

Бесправната сеча, се посочува, била откриена по вонредната ревизија во оддел 18а во Шумско Стопанска Единица „Бирино Селце“, која била извршена по овластување од директорот на Јавното претпријатие.

 

 

 

07.09.2018- 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега