Тодоров сведочи: Шеќеринска ми се јави и ми рече еден човек е најверојатно мртов

Во Кривичен денеска дојде екс-министерот за здравство, Никола Тодоров, кој свдочеше што се случувало во Собрание на 27. април и што тој видел и чул.

- „Немаше провокации од ниедна страна“, рече на почетокот од сведочењето Тодоров. По седницата тој, како што рече, се упатил кон кабинетот на тогашниот претседавач на Собранието, Трајко Велјановски, па видел голема група луѓе и имало натегање меѓу нив и групата, а потоа излегол од ходникот кој бил загушлив.

Потоа Тодоров рече дека му се јавила Радмила Шекеринска.

- „Ми кажа дека еден човек е најверојатно мртов и јас реков дека треба да се повика итна медицинска помош. Се јавив веднаш на директорката на Здравствен дом и побарав екипи“, рече Тодоров додавајќи дека не успеал да влезе во салата.

Никола Тодоров рече дека му се јавил на Чавков и побарал акција за спасување на Зијадин Села, откако претходно го пронашле на третиот кат, каде влегле со медицинска екипа. 

 

 

 

07.09.2018 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега