Нема да му се радуваме многу на викендот - од понеделник нова промена

До самиот крај на оваа недела времето во државава ќе биде сончево и топло со мала до умерена, повремено локално и позначителна облачност кога ќе има услови за локален краткотраен дожд и услови за појава на грмежи а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец кој ќе засилува на интензитет, стои во временската анализа на Славчо Поповски.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени додека на крајниот југоисток истите може да се искачат до околу 35 степени.

Претежно стабилно суво и сончево време повремено со мала до умерена локална облачност ќе се задржи и во текот на следната недела што значи засега нема на видик некој изразен влажен бран или циклон.

 

 

 

 

07.09.2018 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега