На Кумуцакос му сметаа „македонски“ јазик и „македонска“ националност

Изјавите на Никола Димитров ја потврдуваат критиката на Нова демократија за штетниот Договор од Преспа, вели Јоргос Кумуцакос во реакцијата за пренесените ставови на шефот на македонската дипломатија пред членовите на Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент (AFET).

Како што јави дописничката на МИА од Атина, одговорниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија уште еднаш го повторува ставот на Нова демократија во однос на решението меѓу Македонија и Грција.

- Изјавите на Димитров во Европскиот парламент, за жал, доаѓаат да ја потврдат критиката на Нова демократија за штетниот Договор од Преспа. Комбинацијата од името „Северна Македонија“, „македонски“ јазик и „македонска“ националност е идеална за развој на национализмот и иредентизмот на Скопје, вели Кумуцакос во неговата пишана изјава.

 

 

 

30.08.2018 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега